Стојчева Марија
Мастер едукатор и амбасадор на Jana Nails Macedonia
Јас сум Марија Стојчева (21.09.1990) од Богданци, мајстор козметичар и интернационален Мастер едукатор на Jana Nails во Македонија. Моето патување во светот на козметиката започна во 2015 година, и со текот на времето го надградував своето знаење преку работни обуки, семинари, онлајн тренинзи и специјализираниe дукаторски програми.
Имав чест да учам од водечките светски едукатори, чија стручност и искуство ме инспирираа и ме обликуваа во професионалецот што сум денес. Секоја едукација, секој тренинг и секој совет придонесоа за мојот постојан раст и усовршување.
Три години сум дел од тимот на Jana Nails, каде што започнав како амбасадор, потоа станав јуниор едукатор, а пред две години добив статус на интернационален Мастер едукатор. Исто така, пред две години положив мајсторски испит за козметичар преку
Занаетчиската комора.
Денес сум сопственик на свој козметички салон, каде што клиентите добиваат висококвалитетни услуги за маникир и педикир, надградба на нокти и професионални едукации.
Како едукатор организирам различни видови обуки за повеќе нивоа на знаење и се залагам за квалитетно и темелно учење на идните техничари, со цел професијата да биде подигната на високо ценето и препознатливо ниво. Страстта и посветеноста за пренесување знаење и развој на професионалците се водечка во мојата работа како едукатор.
https://linktr.ee/maria.stojcheva.nails