Цветкова Магдалена
Родена е на 30.12.1997 година во Кавадарци
Образование: Козметички техничар
Уште од мала го негувала својот талент за цртање, кој подоцна природно се пренел во уметноста на ноктите. Со само 16 години започнала да работи како техничар за нокти, а љубовта кон оваа професија постојано растела.
Во 2016 година го отвора својот салон „Glamour-M“, кој денес е препознатлив по високите стандарди, квалитетот и креативноста. Во 2021 година станува амбасадор на брендот Jana Nails, а кратко потоа и едукатор. Денес е интернационален мастер едукатор и натпреварувач со повеќе освоени први места на меѓународни натпревари.
Смета дека добриот едукатор не учи само техники, туку инспирира, охрабрува и го буди потенцијалот кај секој ученик. Љубовта кон учениците, нивниот напредок и резултати ѝ се најголема мотивација.
Себеси се гледа како дисциплинирана, прецизна и посветена на својата работа. Постојано се стреми кон напредок и усовршување, вложувајќи максимална енергија и внимание во сè што прави.
Мастер едукатор и амбасадор на Jana Nails Macedonia