Анастасија Трајковска

Анастасија Трајковска

Анастасија Трајковска


Јуниор едукатор на Jana Nails Macedonia

Јас сум Анастасија Трајковска, сертифициран техничар за нокти, едукатор и уметник со повеќегодишно искуство во областа на нега и дизајн на нокти. Мојата професионална кариера започна од лична љубопитност и страст кон уметноста и естетиката, која постепено се претвори во професија исполнета со креативност, посветеност и континуирано усовршување. Континуирано посетувам обуки и се стекнав со повеќе вештини и сертификати. Како првопласирана на балканското првенство, го потврдив својот квалитет и уникатен пристап кон современиот дизајн на нокти. Преку брендот Aquastic Nails, активно промовирам професионализам и инспирација за идните техничари прикажувајќи ја атмосферата на часовите и напредокот на моите студенти. Верувам дека вистинскиот успех се гради со знаење, посветеност и љубов кон професијата.